Дома Останати Кошарка Чудесниот Вембањама одигра натпревар каков што не е виден повеќе од 30 години

Чудесниот Вембањама одигра натпревар каков што не е виден повеќе од 30 години

Виктор Вембањама постигна 40 поени, имаше 20 скока и седум асистенции, а Сан Антонио Спарс го победи Њујорк Никс по продолжение.

Натпреварот заврши 130:126. Неверојатниот француски дебитант во НБА, 20-годишниот висок 224 сантиметри, стана првиот дебитант по 1993 година и Шекил О’Нил кој го завршил натпреварот со најмалку 40 поени и најмалку 20 скока.

Легендарниот центар, тогаш член на Орландо Меџик, во 1993 година постигна 46 поени, имаше 21 скок и пет блокади, но неговиот тим го загуби тој натпревар одигран во февруари пред 31 година од Детроит Пистонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Повреда на Џулијан Стротер го загрижува Денвер

Џулијан Стротер, бек на Денвер Нагетс, се повреди на натпревар против Лос Анџелес Клиперс …