Дома Фудбал Човекот кој ќе стане најскап дефанзивец во историјата има полоша статистика од Мустафи (ФОТО)

Човекот кој ќе стане најскап дефанзивец во историјата има полоша статистика од Мустафи (ФОТО)

Тоа што долго време се најавуваше денес доби потврда, Хари Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата.

Мегваер утрово пристигна во Манчестер каде што ќе го комплетира трансферот вреден 86 милиони фунти (93 милиони евра). После долгите преговори со Лестер, Јунајтед мораше да го урне светскиот рекорд за да го доведе Мегваер.

Многумина сметаат дека Манчестер го преплати Мегваер, други пак веруваат дека клубот доведе играч кој ќе им ги реши проблемите во одбраната.

На социјалните мрежи се појави и една споредба на Мегваер со Шкодран Мустафи и за изненадување Мустафи има подобра статистика од стоперот кој ќе стане најскап во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се пожали за минутажата, па остана без повик: Паладино го казни Хегем

Торбјорн Хегем нема да биде во составот на Болоња против Удинезе по јавните критики за мал…