Дома Фудбал Червар немаше решение, Металург убедливо поразен во Франција

Червар немаше решение, Металург убедливо поразен во Франција

Металург денес со висок пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, клубот од Автокоманда денес беше совладан во пресметката со Монпелје со резултат 32:22.

Уште на самиот старт моќниот француски клуб покажа дека во овој момент е едно ниво погоре од нашиот претставник, Французите беа одлични и во нападот и во одбраната па избраниците на Червар не можеа да сторат ништо повеќе.

Монпејле веќе на полувремето имаше убедлива предност од осум гола разлика, а разликата беше направена во период од само пет минути, од 15 до 20 минута од средбата.

Французите не застанаа ниту во вториот дел, па набрзо стигнаа и до предност од десет гола разлика, а конечниот резултат гласеше 32:22. Најефикасни на натпреварот беа Јагањац од Металург со шест погодоци, а исто толку постигна и Гигу од редовите на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…