Дома Фудбал Англија Челзи ја има најдобрата мотиватија: Се огласи човекот „злато вреден“ за „Плавите“ (ВИДЕО)

Челзи ја има најдобрата мотиватија: Се огласи човекот „злато вреден“ за „Плавите“ (ВИДЕО)

0

Се наближува недела и лондонското дерби во кое на „Стемфорд Бриџ“ силите ќе си ги одмерат Челзи и Тотенхем, а некогашниот напаѓач на „Плавите“, Дидиер Дрогба одлучи да ги охрабри и мотивира избраниците на Антонио Конте пред големиот меч.

Челзи моментално заостанува пет бодови зад местото кое води во ЛШ, па трите бода против Тотенхем во лигашкото дерби би биле злато вредно за Конте и неговата екипа.

Со оглед на тоа колку е важен претстојниот меч, Дрогба одлучи да упати мотавициска порака на екипата на Челзи, со кој „приложи“ и видео клип каде ја „тероризира“ одбраната на Спарси од времето кога „Стемфорд Бриџ“ беше негов дом.

„Секогаш бидете позитивни, секогаш правете нешто од ништо. Не сум на болна нога? Нема проблеми, секогаш го користам своето најдобро оружје. Овде ми асистираа Петар Чех и Франк Лампард.. Одиме Плави“, напиша Дрогба на Инстраграм и постави видео од головите кои како играч на Челзи ги постигна против Тотенхем. Поточно погодокот за 1:1 во декември 2010, како и погодокот кој го постигна во убедливата победа на Челзи во полуфиналето од ФА Купот во 2012. година.


Следете го Sportski.mk и на


Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот…