Дома Фудбал Англија Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи денес гостуваше кај Кристал Палас и без поголеми проблеми дојде до победа од 1:4.

После неочекуваниот пораз од ВБА во минатото коло, „сините“ прво славеа против Порто во Лигата на шампионите со 2:0, а денес совладан беше Кристал Палас.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во само две минути Челзи дојде до два гола. Во осмата минута Каи Хаверц погоди, а во 10. Хаверц беше асистент, погоди Пулишиќ. Веќе после половина час игра Зума со глава погодува по нафрлувањето на Маунт и тука веќе беше јасно кој ќе слави.

Второто полувреме донесе по еден гол на двете страни. Бентеке намали на 1:3, додека Пулишиќ со својот втор гол ги постави конечните 1:4.

Челзи после овој триумг го престигна Ливерпул и сега е четврти со 54 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Тотенхем веднаш го побарал Исак: Не знам како неговата нога заврши таму

Одбранбениот играч на Тотенхем, Мики Ван де Вен, упати искрено извинување до напаѓачот на …