Дома Фудбал Англија Челзи почна преговори со Жоржињо, тој сака да се врати во Италија

Челзи почна преговори со Жоржињо, тој сака да се врати во Италија

Фудбалерот на Челзи, Жоржињо би можел да го напушти клубот и пред завршување на договорот во 2023 година, а тоа го најави неговиот менаџер Жоао Сантош.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жоржињо следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а агентот тврди дека негов сон е да се врати во Италија.

Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а неодамна беше избран за најдобар играч во Европа од страна на УЕФА.

Сепак, Челзи не сака да се раздели со Италијанецот и веќе започна преговори за нов договор.

Според англиските медиуми „сините“ му понудиле значително зголемување на платата и се оптимисти дека Жоржињо наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот Возиња дојде до неверојатна бројка на Инстаграм, а по натпреварот се расплака поради неговата мајка

Четириесетгодишниот голман на Зелениот Рт, Возиња, направи чудо против Шпанија со одличнит…