Клубот од „Стемфорд бриџ“ не беше активен во текот на летниот преоден рок поради суспензија, па Френк Лампард мораше да направи подмладување на тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сините“ го задржаа костурот и одлично го подмладија тимот со фудбалери како Мејсон Маунт и Тами Абрахам.
Англискиот гигант наредното лето ќе може да се засилува, а според италијанските медиуми веќе одбрал засилување од Серија А.
Станува збор за Руслан Малиновски од Аталанта. Украинецот пристигна во Италија ова лето од Генк, а Аталанта го плати околу 15 милиони евра.
Директорот на Челзи, Клод Макелеле го следеше Украинецот во текот на мечот меѓу Украина и Португалија, па беше воодушевен со неговата игра.