Дома Фудбал Челзи го растури Манчестер Јунајтед (видео)

Челзи го растури Манчестер Јунајтед (видео)

Екипата на Челзи попладнево постигна убедлива победа од 4:0 во дербито на 9.коло од Премиер лигата совладувајќи го Манчестер Јунајтед на домашен терен. Головите за „сините“ ги постигнаа: Педро 1. минута, Гери Кејхил 21.минута, Еден Азар 62. минута и Н‘Голо Канте 70. минута.

На првиот дуел одигран денеска Манчестер Сити – Саутемптон 1:1.

На другите дуели од 9.коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Бурнемут – Тотенхем 0:0, Арсенал – Мидлсброу 0:0, Барнли – Евертон 2:1, Хал – Стоук 0:2, Лестер – Кристал Палас 3:1, Свонси – Вотфорд 0:0 и Вест Хем – Сандерленд 1:0.

Табела: Манчестер Сити 20 бодови, Арсенал 20, Ливерпул 20, Тотенхем 19, Челзи 19, Евертон 15, Манчестер Јунајтед 14 итн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …