Дома Топ вести Челзи ги започна преговорите за Осман Дембеле

Челзи ги започна преговорите за Осман Дембеле

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ доколку за него пристигне добра понуда, пренесуваат шпанските медиуми.

Трпението на луѓето во Барселона истече, Дембеле влезе во серија повреди, а неговиот неспортски живот веќе е добро познат и на јавноста. Поради тоа менаџерот Муса Сисоко кој го застапува младиот фудбалер веќе започнал да преговара со заинтересираните страни. 

За Дембеле се интересираат Челзи, Арсенал и Манчестер Сити кои би можеле да го ангажираат за многу помалку пари од тоа што го донесе Барселона од Борусија Дортмунд.

Челзи веќе започнал преговори со агентот на Дембеле и ја испитува можноста за трансфер во јануари, иако Шпанците тврдат дека агентот не добил дозвола од Барса за преговори.

Каталонците за Дембеле потрошија 140 милиони евра и се надеваат дека ќе вратат поголем дел од вложената сума. Шпанските медиуми тврдат дека трансферот би можел да изнесува околу 90 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Осми трипл-дабл за Јокиќ, Америка го дочека Зијон кој дебитираше спектакуларно! (ВИДЕО)

Деневер изгуби на гости од Хјустон со 121:015, Никола Јокиќ во поразот на неговиот тим сти…