Дома Најава Челзи – Арсенал: Сари и Емери бараат кредити за продолжение од сезоната !!!

Челзи – Арсенал: Сари и Емери бараат кредити за продолжение од сезоната !!!

0
челзи - арсенал

Веќе во второто коло од Премиер Лигата ќе го проследиме големото лондонско дерби меѓу Челзи и Арсенал. Двата тима сезонава ја стартуваат со нови тренери, со нови филозофии, а ова е голем тест и за Сари и за Емери. Победникот од овој меч, дефинитивно ќе себере многу кредити пред продолжување на сезоната.

Челзи има знаци на напредок

Челзи ќе се обиде да држи чекор со Манчестер Сити. Челзи победи во Премиер Лигата минатиот викенд и тоа со 0:3 на гости кај Хадерсфилд, но тој меч не може да биде мерило за нивните можности сезонава. Точно, имаше некои ветувачки знаци и промени во играта на плавите. Одбраната изгледа доста поцврсто со Давид Луиз. Н’Голо Канте играше добро во малку послободната улога која му ја додели Маурицио Сари на почетокот од сезоната. Педро и Вилијан пак целосно ги збунуваа своите чувари со ротациите и со широчината во нивната поставеност и игра.

Сепак нивните противници беа безвредни со и без топка, така што е тешко да се извлечат премногу цврсти заклучоци од таа игра, дури и ако Челзи импресионираше. Ќе треба време за Маурицио Сари да ја обликува екипата во свој стил, да создаде кохезија каква што имаше во Наполи, а исто така има и некои краткорочни прашања за решавање.

Најинтересно прашање е поврзано со нападот. Дали Сари ќе продолжи да го форсира Мората, или пак ќе игра со Хазард како лажна деветка, преслукувајќи ја играта со Мертенс во Наполи која на Сари му донесе одлилни резултати.

Многу промени во Арсенал

Во Арсенал има промени, колку што немало многу одамна. По лошото орварање против Сити и поразот на домашен терен од 0:2, Унаи Емери смирува и најавува подобри денови. Но може ли нешто да се промени веќе во второто коло и во второто дерби за Арсенал. Она што важеше за Челзи и Сари, важи и за Арсенал и Емери. Ќе треба време за да се создаде игра по вкусот на Емери, а ќе треба и трпение.

Емери ќе биде принуден да направи барем една промена овој викенд. Ејнсли Мејтланд-Нилс доживеа потешка повреда во првото коло, а со отсутните Начо Монреал и Сеад Колашинац, тоа би значело прв лигашки старт за Стефан Лихтштајнер. Ветеранот не е природен лев бек, но јасно е дека нема да има недостаток на внимание и посветеност од негова страна.

Понатаму, може да има место за Лукас Тореира, а ќе биде интересно да се види дали Емери се обидува да го доведе Лаказет во неговите почетни XI.

Тежок меч за типување

Челзи има тенденција да ужива во овој натпревар, ако се погледне традицијата во последно време. Арсенал нема победа на гости кај Челзи од 2011 година. Од друга страна Арсенал нема пораз од Челзи напоследните 7 натпревариво сите натпреварувања.

Според нас, коефициентот 1.80 за победа на Челзи е премал за да се преземе ризикот да се игра единица на едно вакво дерби. Од друга страна коефициентот за победа на Арсенал е 4.50 и е доста примамлив. За реми, коефициентот е 4.00 во Coinbet24.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @ 1.60 во Coinbet24

Реми или победа на Арсенал @ 2.04 во Coinbet24

ИЗВОР: КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Арсенал – Манчестер Јунајтед: На „топџиите“ ќе им треба тешка артилерија да го запрат овој Јунајтед!

Големо дерби ќе се одигра вечерва во четвртфиналето од ФА Купот, помеѓу двете најтрофејни …