Дома Фудбал Останато „Чека да ни ги собере парите и да замине на одмор“ – жестоки критики за Џерард во Саудиска Арабија

„Чека да ни ги собере парите и да замине на одмор“ – жестоки критики за Џерард во Саудиска Арабија

На Стивен Џерард не му оди и легендата на Ливерпул од играчките денови е под голем притисок од навивачите кои бараат смена на клупата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатите на тимот се разочарувачки, а критиките посебно се зголемија по поразот кој го доживеа овој клуб од просечен второлигаш во земјата.

„Стивен е одамна пропаднат тренер. Фрливме пари на него, а сега чека да го избркаме, за да ни ги собере парите и да замине на одмор. Не е загрижен ниту за клубот, ниту за резултатите. Ќе ги земе парите и ќе се врати во Англија“, велат навивачите.

Џерард како и најголем дел од познатите европски имиња во Саудиска Арабија се преселија за богат договор и има плата од 15 милиони фунти по сезона, па така во случај на отказ би добил огромна оштета.

На 46 натпревари колку што вкупно е на клупата, Ал Ерифак има учинок од 17 победи, 14 нерешени натпревари и 15 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома сака да го позајми Гарначо, Челси му одреди цена

Крилниот играч на Челси Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во италијанска…