Дома Фудбал Италија Чашата се прелеа – Де Бур добива отказ!

Чашата се прелеа – Де Бур добива отказ!

Четирите порази на последните пет натпревари веројатно ќе означат крај на кратката авантура во Интер за холандскиот тренер Франк де Бур. „Нероаѕурите“ после синоќешниот пораз од Сампдорија се на 11-то место на табелата.

Де Бур го загуби курсот, тимот нема игра, а и односите во соблекувалната се на најниско ниво, што најдобро го отсликува реакцијата на Едер, кој откако беше заменет против Сампдорија, најпрвин одби да се ракува со тренерот, а потоа и плукна кон клупата.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Едер беше заменет од Иван Перишиќ за кого пред мечот италијанските медиуми тврдеа дека влегол во „клинч“ со тренерот Де Бур.

Холанѓанецот доби добар тим, според имињата способен да се вмеша во борба за титулата, но како игра Интер борбата за опстанок е пореална опција. Поради тоа корпорацијата „Сунинг“, во чија сопственост е клубот, најдоцна до вторник ќе го смени Де Бур.

Како можни наследници на Холанѓенецот се споменуваат поранешниот играч на овој клуб Андреа Мандорлини (поранешен тренер на Аталанта и Верона), потоа Стефано Пиоли, Лоран Блан и Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Бразил ја избра замената за Нејмар во репрезентацијата

Бразилската фудбалска репрезентација го повика младиот напаѓач на Реал, Ендрик, како замен…