Дома Фудбал Чалханоглу останува во Милан: Трансфер не доаѓа во предвид

Чалханоглу останува во Милан: Трансфер не доаѓа во предвид

Иако се претпоставуваше дека Хакан Чалханоглу ќе го напушти Милан, како што стојат работите од тоа нема да има ништо.

Овој турски фудбалер не ги воодушеви навивачите на Милан по доаѓањето од Баер Леверкузен и во последните недели се повеќе се шпекулираше за негово враќање во Германија, но сепак вето на евентуален трансфер стави тренерот Џенаро Гатусо.

После сите написи се огласи и самиот Чалханоглу.

„Јас сум во Милан, играм за тој клуб и сречен сум во него. Никаков трансфер не доаѓа во предвид.“ порача Хакан за ТРТ Спорт.

Оваа сезона Чалханоглу во Серија А одигра вкупно 17 натпревари и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал би го продал Ѓокереш во 2027 година, но само под еден услов

Шведскиот напаѓач ја загуби предноста во однос на Хаверц, а според новите информации, Арсе…