Дома Фудбал Италија Чалханоглу му испрати порака на Кеси: Интер е на нивото на Барселона

Чалханоглу му испрати порака на Кеси: Интер е на нивото на Барселона

Плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за можноста повторно да игра во ист тим со Франк Кеси.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кеси минатото лето го напушти Милан и како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа се шпекулира дека може да се врати во Серија А, а силен интерес за него покажува Интер.

Чалханоглу призна дека често разговара со Кеси и му порача да му се придружи во Интер.

„Кеси е мој пријател и често разговараме. Тој е фантастичен фудбалер и номално дека би сакал да играме заедно во Интер. Можам да му порачам дека Интер е на нивото на Барселона“, изјави Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Невидено во НБА: Кошаркарите на Лејкерс ги бркаа судиите по натпреварот (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс губат со 0:2 во серијата од полуфиналето на Западната к…