Дома Фудбал Италија Чалханоглу: Милан не е далеку од ноќ каква што имаше Јувентус против Атлетико

Чалханоглу: Милан не е далеку од ноќ каква што имаше Јувентус против Атлетико

0
chalhanoglu

Екипата на Милан запиша пет победи во низа во Серија А и така стигна до третата позиција на табелата во италијанското првенство.

„Росонерите“ сега се зад лидерот Јувентус и Наполи, а играчот за врска на тимот од „Сан Сиро“ Хакан Чалханоглу тврди дека Милан не е далеку од ноќ каква што имаше Јувентус против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Неговите зборови веројатно значат дека е убеден во пласман на Милан во Лигата на шампионите наредната сезона.

„Ние сме сред трката за пласман во Лигата на шампионите и убеден сум дека не сме далеку од ноќ каква што имаше Јувентус против Атлетико Мадрид“, верува фудбалерот на Милан.

Пред „росонерите“ овој викенд е големото дерби. Играат натпревар против градскиот ривал Интер и турскиот фудбалер пред ова дерби има јасна желба.

„Би сакал да му асистирам на Пјонтек за победнички гол. Тој и Пакета добро се снајдоа во нашиот тим“, изјави Чалханоглу, а потоа зборуваше за тренерот Џенаро Гатузо.

„Тој е човек кој носи многу позитивна енергија и овозможува тимот да игра на високо ниво. Исто така многу ми помогна и на приватен план. Имав понуди од други тимови во јануари, но тука сакам да останам подолг период“, изјави Чалханоглу пред дербито за викендот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…