Дома Фудбал Чалханоглу: Ме критикуваат, ама јас сум кандидат за „Златна топка“

Чалханоглу: Ме критикуваат, ама јас сум кандидат за „Златна топка“

Ѕвездата на Интер и турската репрезентација, Хакан Чалханпглу е горд на фактот што е кандидат за престижната награда „Златна топка“.

Тој не се согласува со критиките упатени на негова адреса поради лошата форма, бидејќи е во збраното друштво, меѓу 30-те кандидати за Златната топка.

„Секогаш има критики на моја сметка, но не им обрнувам премногу внимание. Не сакам да звучам арогантно, но по 21 година турски играч се врати на листата за Златната топка. И јас сум горд на тоа“, порача Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…