Дома Трансфер зона Чави: Мане и Обамејанг не се тип на играчи за Барселона

Чави: Мане и Обамејанг не се тип на играчи за Барселона

Барса ова лето сигурно ќе ангажира неколку засилувања, а тоа посебно се однесува во нападот.

Со Каталонците се поврзуваат Мане, Обамејанг, како и Лаутаро Мартинез, меѓутоа за сега се е во рамките на шпекулациите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Легендарниот играч на Барса, Чави Ернандез го кажа своето мислење.

„Мане и Обамејанг се одлични играчи, но за Барса е потребен друг тип на играч. Потребен е играч кој прави разлика на мал простор. Денеска не е лесно да пронајдете таков играч. Такви играчи се Самуел Ето, како и Луис Суарез.“ – изјави Чави.

Чави призна дека ќе биде среќен доколку Барса успее да го врати Нејмар на Камп Ноу.

„Нејмар е еден од најпаметните играчи на светот. Се надевам дека ќе се врати, тој прави разлика.“

Чави неодамна требаше да седне на клупата на Барса, но преговорите пропаднаа во последен момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…