Дома Фудбал Чави добил отказ во болница: Откриени зборовите кои му ги кажал Лапорта

Чави добил отказ во болница: Откриени зборовите кои му ги кажал Лапорта

Две недели откако беше потврдено дека Чави ќе продолжи да ја води Барселона, легендата на клубот доби отказ. На клупата на каталонскиот гигант Чави помина 141 натпревар во кои оствари 89 победи, 23 нерешени и 29 порази.

Минатата сезона ја освои Ла Лига и домашниот Суперкуп, а оваа сезона заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ. Но отказот го доби поради неговата изјава за финансиската состојба во клубот по натпреварот со Алмерија.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Навивачите мора да разберат дека оваа Барселона не е онаа од пред 25 години. Тоа повеќе не е така, но мораме да го засилиме тимот ако не сакаме се да остане како што е.

„Верувам дека навивачите на Барселона мора да сфатат дека ситуацијата е многу тешка, особено на економски план. Тоа не значи дека нема да се бориме, но ситуацијата е таква што ни треба стабилност и време“, беа зборовите кои Чави ги плати со отказ.

Денеска медиумите откриваат и како му било соопштено дека е отпуштен. Потврдата дека повеќе нема да биде тренер на Барселона според информациите ја добил во болницата кога бил да го посети Лапорта кој се опоравува од проблемите со пневомнијата.

„Ако се водам по емоциите, секако дека би сакал да продолжил. Но, во овој момент разумно е да дојде до разделба“, биле зборовите кои Лапорта му ги кажал на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во соблекуалната на Србија имало драма: Павловиќ колабирал – го враќале во живот!

Вистинска драма се случувала во соблекувалната на Србија на полувремето од натпреварот со …