Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го пофали Реал Мадрид во пресрет на неделниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона гостува во Мадрид по елиминацијата од Лигата на шампионите, додека Реал Мадрид во најелитното европско натпреварување го победи Манчестер Сити и се пласираше во полуфиналето.
„Реал Мадрид многу пати ја освојуваше Лигата на шампионите во последните години и затоа игра со толкава самодоверба. Не верувам многу во среќа, туку во работа и затоа ништо не е случајно. Во последните три години Реал Мадрид го елиминираше најдобриот тим во светот двапати и никој не може да каже дека тоа е случајно“, изјави Чави.
Тој очекува уште еден тежок натпревар против најголемиот ривал.
“Реал ќе не притисне во првите минути од двете полувремиња. Мораме да бидеме силни. Се подготвивме и мораме да бидеме организирани и во нападот и во одбраната. Воведните минути можат да бидат клучни. Реал Мадрид е нашиот голем ривал, но кон имаме огромна почит“, истакна Чави.
Реал Мадрид има осум бода предност, но Чави не се откажува од Ла Лига.
„Ова е моментот да бидеме позитивни. Ако победиме, ќе се доближиме на пет бода до Реал и повторно ќе бидеме во игра“, изјави Чави.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за в недела од 21 часот.