Дома Фудбал Чави го избра најдобриот играч за врска во светот

Чави го избра најдобриот играч за врска во светот

Легендарниот фудбалер на Барселона, а денес успешен менаџер во катарскиот Ал Сад, Чави Ернандез го избра најдобриот играч за врска во овој момент.

Човекот кој со своите игри го воодушеви фудбалскиот свет го избра Кевин Де Брујн за најдобар. За него Чави зборуваше со избрани зборови.

„Де Брујн ми изгледа како едно ниво над сите на неговата позиција. Способен е да направи разлика. Во овој момент сигурно е најдобар играч за врска и уште е релативно млад“.

Чави нема дилеми кој е најдобар тренер во светот.

„Немам дилеми, Пеп е најдобриот. Тој го промени фудбалот, одличен е во тоа што го прави и има лидерски способности“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера: Роналдо го затвори репрезентативното поглавје

По 234 настапи и 146 гола, Кристијано Роналдо се повлекува од Португалија. Одлуката следув…