Дома Фудбал Лига на шампиони Чави брутално искрен: Нашиот најлош натпревар во последните две години

Чави брутално искрен: Нашиот најлош натпревар во последните две години

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез беше многу незадоволен од играта на својот тим во поразот од Шахтјор во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Во Хамбург каде што Шахтјор играше како домаќин поради ситуацијата во Украина славеше со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Сикан во 40. минута од натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На табелата во групата Барселона и Порто го делат првото место со девет бодови, Шахтјор имаше шест, Антверпен нула.

„Точно е дека сме во тешка ситуација кога станува збор за нашата игра и тоа како ја губиме топката кога напаѓаме. Тежок момент во сезоната, но се случува. Треба да останеме позитивни, ова е можеби најлошиот натпревар во последните две години.

Две години не сме поминале во нокаут фазата, сега сме на добар пат, но пропуштивме прилика тоа да го обезбедиме. Ваквиот натпревар ни се случи во најлоп можен момент. Секако дека се зависи од нас и се уште сме блиску. Но, ова е Лига на шампиони и секој натпревар е тежок и бара максимална посветеност“, истакна стратегот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…