Дома Фудбал Англија „Чаби Алонсо треба да е луд да ја одбие понудата од Ливерпул“

„Чаби Алонсо треба да е луд да ја одбие понудата од Ливерпул“

Јирген Клоп ги минува последните месеци на клупата на Ливерпул, а се погласни се најавите дека негов наследник ќе биде Чаби Алонсо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот прави чуда на клупата на Баер Леверкузен и од првиот момент кога Клоп објави дека ќе си замине на крајот од сезоната Алонсо е прв пик.

Дека Чаби Алонсо има најголеми шанси да го наследи Клоп потврдува и новинарот на „Атлетик“, Германецот, Рафел Хонигштајн.

„Во Леверкузен е реални и разбираат дека ако Алонсо сака да ја искористи приликата нема да можат да го запрат. Мислам дека имаат многу искрен однос и лично верувам дека управата нема да стои на патот кога ќе пристигне понуда од Ливерпул.

Исто така Мислам дека Чаби Алонсо ќе биде луд ако ја одбие шансата да го преземе Ливерпул, таква прилика се укажува еднаш во животот“, изјави Хонигштајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уапсен е Илчо Ѓорѓиоски!

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,…