Турската фудбалска ѕвезда Арда Туран се соочува со драконска затворска казна поради инцидентот кој го направи во еден ноќен клуб во Истанбул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Арда Туран може да лежи 12 и пол години затвор за инцидентите, по кои пејачот Беркај Шахин заврши во болница во октомври минатата година.
31-годишниот фудбалер се додворувал на сопругата на Беркај, а потоа и физички го нападна и му нанесе тешки телесни повреди.
Туран се соочува со четири тешки дела на судското рочиште против него кое стартуваше токму денеска, на кое се појави и самиот фудбалер.
Во обвинението против Арда постојат дела за сексуално вознемирување, нанесување телесни повреди, носење оружје во болница, како и поседување на оружје на нелегален начин.
https://youtu.be/TQSOAtRRgyQ