Дома Фудбал Италија Црвен аларм: Се трупаат долгови во Милан, а излез на повидок – нема!

Црвен аларм: Се трупаат долгови во Милан, а излез на повидок – нема!

Банкротот повторно тропа на вратата?

Црвен аларм во Милано! И не не се само катастрофалните резултати проблем и 13 место на табелата. Во прашање се финансиите. „Росонерите“ од месец во месец тонат се подлабоко, а долговите само се трупаат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот денес поднесе официјален финасиски извештај во кој јасно пишува: Загубата за сезоната 2018/2019 изнесува дури 148 милиони евра! И сега некој ќе каже: Па каков проблем е тоа, некои англиски клубови должат и по 500-600 милиони евра!? Да, но тука е поинаку.

Милан не работи здраво, не стои на свои нозе и нема начин за долгот да се покрие за разлика од клубовите кои благодарение на маркетингот формираат астрономски буџети и без мака излегуваат од минусот.

До заминувањето на Кинезите минусот беше 20 милиони евра, сега тој долг како што споменавме 146 милиони евра. Американците кои дојдоа не работеа домаќински како што тоа вообичаено се кажува. Бројот на вработени растеше, платите на играчите беа неразбирливо зголемени и на две ставки клубот изгуби 35 милиони евра.

Овој финансиски колапс значи и значително намалување на приходите. Малку капитални добивки, премалку пари од трансфери и спонзори. И се тоа доаѓа како логична последица поради лошите резултати. На Милан УЕФА му излезе во пресрет минатото лето кога направија компромис.

Милан се откажа од Лига Европа за да може да се спреми и да влезе во борба за Лигата на шампионите, сепак после неколку кола стана јасно дека пласман помеѓу првите четири ќе биде скоро невозможна мисија за Милан. Како што изгледа Милан ќе има шеста сезона без елитата, а еден гигант не може долго време да опстои без милионите на УЕФА.

Математиката е јасна: Неодамна истражувањето на ЦИЕС покажа дека актуелниот состав на Милан е 14-ти најскап во Европа. Милан само минатото лето потроши 90 милиони евра на шест играчи (Тео Ернандез, Раде Круниќ, Рафаел Леао, Исмаел Бенасер, Лео Дуарте и Анте Ребиќ), пред тоа во јануари потрошија 70 милиони евра (Лукас Пакета и Пјонтек). Комплетната вредност на тимот изнесува 408 милиони евра. Некои од споменатите играчи беа и тоа како барани на пазарот и со самото тоа Милан мораше да им овозможи плати кои не одеа во склад со нивните финансиски можности. Очигледно работата излегла од контрола.

Клубот неколку години не може да ги среди финансиите и да обезбеди сигурно поминување кај контролорите на фер-плејот на УЕФА.

После се доаѓа до еден тажен заклучок – на Милан ќе му бидат потребни повеќе години да се врати помеѓу најдобрите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Арсенал шокирани од она што го правеа фудбалерите на Фулам 🎥

Aрсенал за викендот го победи Бормут со 3:0 во рамките од 36. коло во Премиер лигата, а за…