Дома Останати Кошарка Целиот тим на Фенербахче тестиран, се чекаат резултатите

Целиот тим на Фенербахче тестиран, се чекаат резултатите

Откако се појави информација дека одредени членови на Фенербахче покажуваат симптоми на коронавирус, раководството на кошаркарскиот клуб одлучи да ги тестира сите играчи и стручниот штаб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тестовите се направени денес, а сите играчи после тестирањето се испратени во куќна изолација.

„Не постои клиничка слика која би побарала хоспитализација на било кој играч.“ – беше соопштено од клубот.

Сепак, еден член од администрацијата е задржан во болница поради претпазливост, но не е познато дали е позитивен.

Резултатите од тестирањето би требало да бидат познати брзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Српската кошарка во шок: Никола Калиниќ објави крај на кариерата!

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ донесе одлука да ја заврши својата професионална кариера.…