Дома Останати Кошарка Хрватска ја совлада Литванија за балканско четвртфинале со најголемиот ривал!

Хрватска ја совлада Литванија за балканско четвртфинале со најголемиот ривал!

Ќе следиме вистинска ’крвава’ пресметка во четвртфиналето од ОИ во кошарка откако Хрватска во последниот меч во Б групата ја совлада Литванија (90-81).

Со оваа победа, Хрватите го освоија првото место во оваа конкуренција и изборија четвртфинале со големиот ривал Србија. Балканското дерби на ОИ во Рио де Жанеиро ќе се одигра во ноќта помеѓу четврток и петок (3:15 часот).


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Победникот од овој меч за ривал во полуфиналето ќе го има победникот од четвртфиналната пресметка помеѓу Австралија и Литванија (четврток, 16 часот).

Европскиот првак Шпанија и покрај очајниот старт на Олимписките игри успеа да стигне до четвртфиналето. По убедливиот триумф од 50 поени над Литванија, Шпанците рано утрово славеа над Аргентина со резултат 92-73, со што се искачија на второто место во својата група.

во четвртфиналето ќе играат против Франција (четврток, 19:30 часот), а последната четвртфинална двојка ја формираа САД и Аргентина (четврток, 23:45 часот).

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 19.август, а мечевите за медали на програмата се на 21.август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…