Дома Останати Холанѓанките после драма во последна секунда станаа светски шампионки (видео)

Холанѓанките после драма во последна секунда станаа светски шампионки (видео)

Во финалето на ракометниот Мундијал гледавме вистинска драма, во која на крајот се радуваа Холанѓанките.

Холандија стана светски ракометен шампион, откако во фианлето ја победија Шпанија (30:29) и тоа со гол во последната секунда.

„Црвената фурија“ одлично го почна мечот и за помалку од десет минути игра стигна до предност од 5-2. Потоа следуваше период на Холандија која со фуриозен финиш при крајот на одмор замина со предност од 16:13.

„Лилињата“ во второто полувреме дојдоа и до пет гола разлика, но Шпанија полека ја топеше разликата за на крај да стигне до напад за победа. 

Шпанија шутираше, голманот на Холандија одбрани, и во миговите кога ја фрли топката за контра напад, Хернандез ја блокираше. Таа доби црвен картон, и седмерец за Холандија. 

Со реализација на пеналот во последната секунда Холандија дојде до првата светска титула. Во битката за третото место Русија беше подобра од Норвешка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Германија ја прегази Австрија во Виена

Ракометната репрезентација на Германија ја совлада Австрија со 34:22 и тоа на крајот може …