Дома Фудбал Холандската легенда го нападна судијата: Ако е ова пенал, во финалето ќе има осум

Холандската легенда го нападна судијата: Ако е ова пенал, во финалето ќе има осум

Англија втор пат по ред е финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија меч со Шпанија за трофејот на европскиот шампионат.

Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој погоди во 90. минута.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, според многумина, пеналот досуден за Англија е многу контроверзен. Контактот помеѓу Кејн и Дамфрис не беше сомнителен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судијата по прегледувањето на видеото одлучи дека тоа е прекршок за најстрога казна.

Неговата одлука беше критикувана од поранешните англиски репрезентативци Џејми Карагер и Гери Невил, а на ист став е и поранешниот холандски репрезентативец Пјер ван Хуајдонк, кој ја повика УЕФА да го санкционира судијата Цвајер:

“Тој треба да се најде на црната листа. Страшно. Исто така во второто полувреме… судеше прекршок во дуелот со Коди Гакпо на десетина метри од линискиот судија. Тоа се моментите кои беа клучни на овој натпревар.

Ако сакате да досудите пенал за ова, тогаш можеби ќе имате осум такви во финалето. Навистина страшно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…