Дома Фудбал Германија Хејнкес потврди дека заминува и го посочи својот наследник!

Хејнкес потврди дека заминува и го посочи својот наследник!

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес го посочи поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел како идеален негов наследник на кормилото на Баварците.

72-годишниот Хајнкес ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната, веќе ги информирал играчите во соблекувалната дека ова ќе биде негова последна сезона, по што заминува во пензија.

„Мислам дека Томас Тухел ги има сите потребни квалитети за да стане тренер на Баерн. Го почитувам она што го постигна уште во Мајнц, кога се избори на неговиот пат од академијата до првиот тим. Под негово раководство Борусија играше одличен фудбал, а тој изгради одличен систем. Стигна до второто место во Бундеслигата, го освои Купот на Германија и играше атрактивен фудбал, во кој јас уживав. Затоа го почитувам и сметам дека е многу добар тренер“, изјави Хајнкес за „Билд“.

„Според мене, следниот тренер на Баерн задолжително треба да биде Германец. Раководството знае што е најдобро за клубот и мислам дека сфатија дека со германски јазик тренер е најдобро, бидејќи така се задржува идентитетот на Баерн“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Маеска покрај Енцо Фернандез сака уште еден играч на Челзи!

Станува збор за Марк Гијуу, 20-годишен напаѓач кој според последните информации стана цел …