Дома Фудбал Хејнкес оптимист: Можеме до тројната круна!

Хејнкес оптимист: Можеме до тројната круна!

Баерн Минхен оваа сезона може да го повтори успехот од 2013 година и повторно да ја освои историската тројна круна, изјави тренерот Јуп Хејнкес.

Пред пет години Баварците под раководство на Хејнкес ја освои Бундес лига, Купот како и Лигата на шампиони.

Оваа сезона се веќе шампиони во Германија и се во полуфиналињата во другите две натпреварувња.

„Сметам дека овој тим се наоѓа на истиот пат и дека можеме да ја освоиме тројната круна. Важно е да бидеме во добра форма за најважните натппревари сезонава. Голем дел од фудбалерите од 2013 се уште се во тимот и тоа ме тера да бидам оптимист дека можеме да ги постигнеме истите цели“, изјави Хејнкес.

Дури седум фудбалери од актуелниот состав на Баерн Минхен беа во тимот и во 2013 година кога Баварците ја освоија тројната круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

141 шут и само четири гола: Арсенал во криза, Путељас како пропуштена шанса

Шест домашни ремија по ред, свирежи од трибините и напад зависен од Русо. Анализата на Ска…