Дома Фудбал Останато Хесус Навас испишува историја во Лигата на Европа

Хесус Навас испишува историја во Лигата на Европа

Фудбалерите на Севиља вчера по седми пат ја освоија Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот тим славеше победа против Рома по подоброто изведување на пенали, а Хесус Навас уште еднаш го подигна победничкиот пехар во ова натпреварување.

За легендарниот 37-годишен Шпанец по ова беше четврти пат во кариерата да го освои ова натпреварување и така собра повеќе трофеи од сите други клубови во ова натпреварување, освен неговата Севиља. Навас шампион со клубот од Андалузија беше во 2006, 2007 и 2020 година.

Севиља со седум пехари е убедливо најтрофејниот клуб во ова натпреварување, зад шпанскиот гигант следуваат Интер, Јувентус и Ливерпул со по три.

Сепак, Навас не е најуспешниот во ова натпреварување, покојниот Антонио Рејес Лигата на Европа ја освојуваше дури пет пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кога Роналдо ќе се повлече од репрезентацијата? Крајот може да биде веќе во Лигата на Наци…

Кристијано Роналдо, според најновите информации, наскоро би можел официјално да ја заврши …