Дома Фудбал Херојот на Шпанија го направи истото како татко му пред 33 години: Даде гол на истото место и го прослави како татко му!

Херојот на Шпанија го направи истото како татко му пред 33 години: Даде гол на истото место и го прослави како татко му!

Фудбалерите на Шпанија во вчера станаа првите полуфиналисти на Европското првенство, откако по продолженијата ја совладаа репрезентацијата на Германија со 2:1 и со тоа го оправдаа епитетот на селекција која покажа најмногу од почетокот на турнирот.

Дани Олмо му донесе предност на тимот во 51. минута, во 89. Флоријан Вирц го одведе мечот во продолжение, а вистинската драма ја заокружи Микел Мерино со гол во 119. минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Сосиедад го постигна само вториот гол во кариерата за Шпанија, но тоа го направи на место кое има посебно значење за неговото семејство – Штутгарт.

Во текот на кариерата неговиот татко Анхел Мигел Мерино остави најдлабока трага во Осасуна и Селта, а токму во клубот од Памплона доби шанса да игра на германско тло. Тоа беше на 5 ноември 1991 година, во второто коло од Купот на УЕФА.

По 0:0 од Шпанија, Осасуна победи со 3:2 на гостински терен и помина понатаму. Голот за 2:0 беше дело на таткото на момчето кое сега е херој на Шпанците.

Интересно е што начинот на славење беше ист, па нема сомнеж дека Микел веќе бил подготвен како ќе го направи сето тоа. Прекрасно!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бабунски со прекрасен гол дебитираше за Данди🎥

Четворицата македонски интернационалци кои настапуваат во Шкотска, попладнево забележаа по…