Дома Фудбал Останато Хауге: Халанд ме советуваше да го изберам Милан

Хауге: Халанд ме советуваше да го изберам Милан

Во октомври ланската година Милан го договори трансферот на 21 годишниот Јенс Питер Хауге кој на 18 натпревари постигна два гола за Милан.

Поранешниот член на норвешкиот Бодо/Глимт сега откри дека неговиот сонародник Ерлинг Халанд го советувал да потпише договор со „росонерите“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Разговарав со него, многу клубови беа заинтересирани за мене. Ерлинг ме советуваше да потпишам за Милан. Знаев дека ќе биде тешко, тоа ми го кажа и тој, но верував дека можамн да биде успешен“, изјави Хауге.

Хауге верува дека и Халанд би можел брзо да се адаптира на италијанските услови.

„Мислам дека ги има сите потребни квалитети за брзо да се адаптира, доста е брз и силен. Сигурно би бил среќен“, смета младиот фудбаелер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…