Дома Фудбал Хари Кејн призна: Знам дека не сум во добра форма!

Хари Кејн призна: Знам дека не сум во добра форма!

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн призна дека оваа сезона неговите настапи се под очекувањата.

Англискиот напаѓач стави крај на црната серија од 5 меча без гол откако викендов ја затресе мрежата на Брајтон.

„Имам три гола од почетокот на сезоната и тоа не е ништо трагично. Очигледно кога ќе поставиш определени стандарди луѓето ќе зборуваат дека не си ги достигнал. Јас сум првиот кој ја анализира играта и знам дека не сум на потребното ниво. Чувствувам дека можам многу подобро“, изјави Кејн.

„Како напаѓач, имаш добри и лоши периоди. Најважно е да бидам корисен за тимот. Многумина од нас играа на Миндијалот, но тоа не е оправдување, јас се чувствувам одлично физички“, додаде Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …