Дома Останати Кошарка НБА Харден реди 50-ки како од шала, Леброн и Дејвис го срушија Мајами, Џорџ и Ленард заедно до 88 (ВИДЕО)

Харден реди 50-ки како од шала, Леброн и Дејвис го срушија Мајами, Џорџ и Ленард заедно до 88 (ВИДЕО)

Во ноќта која е зад нас одиграни беа девет натпревари во НБА лигата, а фантастични настапи прикажаа Џејмс Харден, Пол Џорџ и Каваи Ленард.

Кошаркарите на Клиперси гостуваа кај Минесота и победија со 124:117. Пол Џорџ забележа учинок од 46 поени, пет скока и седум асистенции, додека Ленард имаше 42 поени, 11 скоквои и две асистенции. Треба да се спомене и дека за домаќините одличен натпревар одигра Таунс со 39 поени и 12 скока.

Лејкерси гостуваа кај Мајами, а Леброн беше прилично расположен при враќањето во градот каде што освои две титули. „Кралот“ против својот поранешен тим во победата од 113:110 уфрли 28 поени, додаде 12 асистенции и забележа девет скока. Неговите соиграч Ентони Дејвис иста така стигна до дабл-дабл со 33 поени и 10 скока.

Најдобар играч вчера беше Џејмс Харден. Кој во гостинската победа на Хјустон против Орландo постигна 54 поени. Вестбрук додаде 23 поени, седум скокови и шест асистенции. Ракетите во овој момент се на скор од 17 победи и осум порази.

Треба да се додаде и дека Јанис Антетокумпо го предводеше својот Милвоки до победа против Мемфис од 127:114 со 37 поени 11 скокови. Најдобар на овој натпревар беше Џексон од Мемфис со 43 поени.

Останати резултати:

Филаделфија – Њу Орлеанс 116:109

Атланта – Индијана 100:110

Чикаго – Шарлот 73:83

Јута – Голден Стејт 114:106

Сакраменто – Њујорк Никси 101:103

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Осми трипл-дабл за Јокиќ, Америка го дочека Зијон кој дебитираше спектакуларно! (ВИДЕО)

Деневер изгуби на гости од Хјустон со 121:015, Никола Јокиќ во поразот на неговиот тим сти…