Дома Останати Кошарка НБА Харден повторно на +50, трипл-дабл на Леброн, Лејкерси со најдобар старт од сезоната 85/86! (ВИДЕО)

Харден повторно на +50, трипл-дабл на Леброн, Лејкерси со најдобар старт од сезоната 85/86! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Хјустон од гостувањето во Кливленд се враќа со победа со резултат 116:110. Првото полувреме резултатски помина во знакот на Хјустон, но двете екипи играа добро па гостите не успеаа да направат значајна разлика.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кавси тоа го искористија и успеаа да дојдат до пресврт, но во возбудлива завршница не успеаа да ја зачуваат победата бидејќи на 36.8 секунди до крајот Пи Џеј Такер погоди рројка за Хјустон кој до крајот само ја потврди победата.

Хјустон до победата беше предводен од неверојатниот Џејмс Харден кој постигна 55 поени и додаде три скока и осум асистенции. Расел Вестбрук го следеше со 23 поени, седум скокови и шест асистенции, а Клинт Капел уфрли 10 поени со 13 скокови. Само овие тројца кај Хјустон беа двоцифрени.

Кај Кливленд најефикасен беше Кевин Портер со 24 поени, Колин Секстон додаде 18 и Кевин Лав 17 поени и 11 скокови.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси славеа на гости кја Орландо каде што до победата дојдоа со резултат 96:87. Во овој натпревар се беше решено во првата четвртина. Орландо за првите 12 минути уфрли само девет поени и Лејкерси уште тогаш беа на +17.

Наредните две четвртини успеаа да надополнат 11 од тие 17, но до изедначување не можеа да стигнат. Со скор 22-3 Лејкерси го имаат најдобриот старт уште од сезоната 1985/1986.

Најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс кој запиша нов трипл-дабл, 25 поени, 11 скокови и  10 асистенции. Ентони Дејвис имаше дабл-дабл од 16 поени и 12 скокови.

Во Орландо најдобар беше Џонантан Азјак со 19 поени и осум скокови и Еван Фурние со поен помалку. Арон Гордон забележа дабл-дабл со по 14 поени и скокови.

Индијана на свој паркет го победи Бостон со 122:117. Во овој натпревар и покрај поразот на Бостон се истакна Кемба Вокер кој уфрли 44 поени и запиша три скока и седум асистенции. Во редовите на Индијана Меколум Брогдон беше најдобар со 27 поени и осум асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Хјустон 110:116

Индијана – Бостон 122:117

Орландо – Лејкерси 87:96

Торонто – Клиперси 92:113

Чикаго – Атланта 136:102

Минесота – Јута 116:127

Феникс – Мемфис 108:115

Милвоки – Њу Орлеанс 127:112

Сакраменто – Оклахома 94:93

Голден Стејт – Њујорк Никси 122:124 (после продолженија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…