Дома Фудбал Италија Хаотична ситуација во Италија: Судот ја суспендира Серија Б!

Хаотична ситуација во Италија: Судот ја суспендира Серија Б!

seria b

Фудбалот во Италија повторно се соочува со хаотична состојба, поточно второто по ранг натпреварување Серија Б.

Денес одлука за суспензија на првенството донесе судот во Рим после жалбата на Про Верчели, клуб на кого не му беше дозволено да се натпреварува во Серија Б.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Причина за ваквата ституација е борбата неколку клубови да се изборат за место за второто по ранг натпреварување во Италија каде што денес се натпреваруваат 19 клубови.

Хаосот започна кога Бари, Авелино и Челзена поради финансиски проблеми беа исфрлени од италијанската втора лига. Во тој момент Про Верчели, Катанија, Сиена, Новара и Тернана побараа да го добијат нивното место.

Првично спортскиот суд во Италија ја одби жалбата и во тој момент ситуацијата изгледаше како завршено, но клубовите не се откажаа и правдата ја бараа преку судовите на Апенините.

„Судот во Рим ја суспендира одлуката на КОНИ (спортскиот суд). Оваа одлука воедно значи прекин на Серија Б додека не биде донесена конечната одлука. Во овој момент може да се потврди дека одлуката нема со сигурност да биде донесена пред наредниот петок, до тогаш натпревари во италијанската втора лига нема да се играат“, стои во соопштението кое го пренесуваат италијансите медиуми.

Засега не е јасно дали доколку лигата се зголеми на 22 клубови ќе почне од почеток сезоната 2018/2019 во која се одиграа три кола.

Ќе потсетиме во втората италијанската лига за тимот на Палермо настапуваат Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…