Ракометното дерби во Хрватска помеѓу Нексе и Загреб заврши со инциденти поради кои не го дочека ниту крајот на првото полувреме.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тимот на Загреб имаше предност од 16:9 на седум секунди до крајот, а тогаш Фахрудин Мелиќ постигна гол кој арбитрите го поништија и досудија пенал за Нексе. Екс-тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ во тој момент збесна и ги загуби нервите.
Вујовиќ беше следен и од ракометарите па дојде до турканица пред записничката маса. Словенечкиот репрезентативец Марко Безјак во таа ситуација со лакт го удри делегатот Анто Јосиќ на кого мораше да му биде укажана лекарска помош. По прекинот од половина час судиите им соопштиле на екипите дека натпреварот нема да продолжи.