Дома Фудбал Хандановиќ: Едноставно, немавме квалитет и карактер

Хандановиќ: Едноставно, немавме квалитет и карактер

0

 

Интер синоќа на својата Меаца беше елиминиран од Лига Европа. После првиот натпревар кој заврши 0:0. синоќа Франкфурт славеше со 0:1 и се пласира во четврт финалето.

На Нероаѕурите им пресуди голот на Лука Јовиќ, а од играчите на Интер изостана адекватна реакција. Свесен за тоа е и капитенот, искусниот голман Самир Хандановиќ.

„Раниот погодок го искомплицира тоа што сакавме да го направиме. Немавме доволно квалитет и карактер. Тоа е толку едноставно.“ – изјави Хандановиќ после натпреварот и додаде:


Следете го Sportski.mk и на


„Ајнтрахт ни остави доволно протор за игра, но немавме острина, физички и ментално. Знаевме дека играат отворено, така да наш гол можеше се да промени.“

„Треба да напоменеме дека сме во лоша ситуација, имаме мал број играчи на располагање, и оние кои играа не беа потполно спремни. Се трудеа и тоа е за почит, но мора да работиме повеќе.“ – додаде Хандановиќ.

Инаку, Хандановиќ синоќа имаше неколку одлични интервенции, но на крајот тоа не беше доволно за Интер.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…