Дома Фудбал Италија Хамшик „пука“ од самодоверба: Секој кој сака фудбал, сака и ние да бидеме шампиони

Хамшик „пука“ од самодоверба: Секој кој сака фудбал, сака и ние да бидеме шампиони

Kaпитенот на Наполи е полн со самодоверба.

Марек Хамшик смета дека неговиот клуб на основа на резултатите во последните години го заслужува „Скудетото“ кое долги години се чека во Неапол.

Наполи на титула во Серија А чека 28 години, а во овој момент после 20 одиграни кола е лидер во првенството со еден бод повеќе од актуелниот шампион Јувентус.

„Сонуваме да го освоиме „Скудетото“. Не само јас, туку и навивачите, претседателот Де Лаурентис, соиграчите…Исто така сметам дека тоа го посакува и секој кој сака фудбал, играме навистина атрактивен фудбал и заслужуваме да бидеме шампиони“, изјави Хамшик за „Корирере дело Спорт.

Клубот од Неапол во својата историја има само две „Скудета“ и тоа кога екипата беше предводена од легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона во 1987 и 1990 година.

Токму Хамшик неодамна го престинга Марадона на првото место најмногу голови во историјата на Наполи, 116.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гасперини бара реакција од Рома по шокот со Реал: Време е за поправен против Џенова

Рома испушти 3:1 против Реал Мадрид и првпат сезонава беше поразена, а Џан Пјеро Гасперини…