Дома Фудбал Халанд му го скршил прстот на Ван Дајк

Халанд му го скршил прстот на Ван Дајк

Норвешка и Холандија ремизираа 1:1 во рамките од квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Голот за Норвежаните го постигна Ерлинг Халанд, додека на другата страна погоди Дави Класен.

Во текот на жестоката борба дојде до повреда на стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк, на кого Халанд му го скршил прстот. За тоа зборуваше Норвежанецот после мечот.

„Мислам дека на Ван Дајк му го скршив прстот. Дојде и ми кажа: Човеку, ми го скрши прстот. Немам поим како тоа се случи“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јалкује го реши Хетафе, Брајтон скокна на петтото место во Конференциската лига

Голот на Малик Јалкује во 64. минута му донесе на Брајтон победа од 1-0 на гостувањето кај…