Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ му одговори на Вардар: Имаме ист однос кон сите клубови

ФФМ му одговори на Вардар: Имаме ист однос кон сите клубови

По вчерашната реакција на ФК Вардар во врска со продажбата на билети за натпреварот од баражот за влез во првата лига денеска со соопштение излезе Фудбалската Федерација на Македонија.

Вардар вчера реагираше на одлуката на ФФМ билетите за натпреварот против Детонит да се продаваат само со физичко присуство.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


„Фудбалската федерација на Македонија како организатор на бараж натпреварот ВАРДАР – ДЕТОНИТ Плачковица за пополнување на Прва МФЛ праќа информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот закажан на 26. мај на стадионот “Благој Истатов” во Струмица. 

– На состанокот во „Куќа на фудбалот” беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот „Благој Истатов” да биде домаќин на натпреварот. 

– ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев – ФК Вардар и Игор Чапев – ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот. 

– Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets. 

– На состанокот, исто така, беше прифатен предлогот, јужната трибина на стадионот “Благој Истатов” целосно да се стави на располагање на навивачите на ФК Вардар, а доколку е потребно, да се обезбедат услови за отворање и на трибина зад головите. 

Фудбалската федерација на Македонија е организатор на натпреварот и има еднаков однос и третман кон сите клубови – учесници во натпреварувањето. Нашата, а веруваме и целта на сите клубови е преку фер и спортска игра да ги достигнеме целите за кои се бориме. Фер и спортски. 

Посакуваме добар натпревар во вистинска фудбалска атмосфера. Нека се радува подобриот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната казната на Даку за пцуењето на Македонците!

Европската куќа на Фудбалот ја соопшти казната за репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Д…