Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ФФФ информира дека поднесе официјален допис до УЕФА во кој бара најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
„Како Куќа на фудбалот секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, објави ФФМ.