Дома Останати Футсал магионичарот разочаран: Место 50.000 евра добив само 3.000

Футсал магионичарот разочаран: Место 50.000 евра добив само 3.000

Најголемата португалска футсал ѕвезда Рикардињо јавно зборуваше за незадоволството од неговиот тим Интер Мовистар додека сезоната е прекината поради коронавирусот.

Рикардињо зборуваше дека не знае каков му е статусот во шпанскиот клуб.

„Од кога започна оваа ситуација со коронавирусот од клубот добив само 3.000 евра место 50.000 колку што треба според договорот. Не знам ни да ви кажам дали уште сум играч на Интер“, изјави Рикардињо за медиумите.

Португалскиот ас е разочаран и дефинитивно не очекувал на ваков начин да се раздели од клубот во кој игра од сезоната 2013/2014. Ова лето тој ќе се пресели во шампионот на Франција, Париз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ за критиките: Им требаше големо име да биде виновно за се!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ веќе две недели е мета на напади поради тоа шт…