Дома Фудбал Останато Фудбал во Европа ќе се игра само во уште една држава

Фудбал во Европа ќе се игра само во уште една држава

Едни по други поради пандемијата во Европа фудбалските сојузи во Европа ги прекинуваа натпреварувањата.

Целта на запирањето на првенствата е спречување вирусот кој го зафати стариот континент да се рашири. Сепак, имаше и такви кои одолеваа подолго од другите кога во прашање е прекинот.

Меѓутоа сега остана само една земја која е под УЕФА во која фудбалот на е официјално стопиран – Турција!

Имено, до денес фудбал се играше во две земји, Турција и Украина, но во меѓувреме Украинскиот фудбалси сојуз одлучи да се приклучи на прекинот. Минатиот викенд се играше во Турција, Украина, Русија и Србија. Денес фудбалот остана активен само во Турција и барем засега изгледа дека во оваа земја ќе се игра без промена на распоредот.

Ќе потсетиме, вчера Џон Оби Микел доби отказ во Трабзонспор откако поради стравот од пандемијата одби да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено: Како Манчестер Јунајтед го „украл“ Роналдо пред „носот“ на Ливерпул

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улије откри како Манчестер Јунајтед го добил Роналд…