Дома Фудбал Италија „Фудбалскиот Моцарт“ освои се што може да се освои, но жали само за…

„Фудбалскиот Моцарт“ освои се што може да се освои, но жали само за…

Еден од најдобрите плејмејкери во поновата фудбалска историја, Андреа Пирло откри дека најмногу жали што во кариерата не заиграл за Реал Мадрид или Барселона, а имал прилика за тоа.

Пирло во својата богата кариера ги носеше дресовите на трите најголеми италијански клубови, Интер, Милан и Јувентус и освои се што може да се освои, сепак има една неостварена желба.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Жалам само што немав можност да заиграм за Реал или Барселона, бидејќи секој фудбалер сонува да биде дел од овие два гиганти. Реал Мадрид силно ме посакуваше кога Капело беше таму, но Милан не сакаше да ме пушти и потпишав нов договор. Сепак, во Милан ги поминав најдобрите години и освоив се што може да се освои. Две титули во Лига на шампиони се сон за секој фудбалер, а можеа да бидат три ако не беше онаа црна ноќ во Истанбул“, истакна Пирло.

Покрај Реал Мадрид Пирло имал и конкретна понуда од Барселона, но сепак не дошло до реализација на тој трансфер.

„Игравме пријателски натпревар против Барса и Гвардиола ме викна во својата канцеларија, ми рече дека ме сака по секоја цена. Јас веднаш прифатив бидејќи мојот циклус во Милан беше при крај. Повторно Берлускони кажа НЕ и останав, а следното лето се преселив во Јувентус. Да се игра за трите најголеми клубови во Италија не е мала работа“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Низата на Димитриевски заврши, но Столе останува – апсолутен рекордер во македонскиот фудбал!

Македонија во вчерашниот натпревар проитв Велс во последните секунди остана без победа отк…