Дома Фудбал Италија Фудбалот од денес е посиромашен: Збогум МАЕСТРО!

Фудбалот од денес е посиромашен: Збогум МАЕСТРО!

Фудбалскиот генијалец Андреа Пирло синоќа го одигра последниот меч во кариерата. Влезе во игра во самиот финиш, стадионот се крена на нозе и фудбалскиот „Моцарт“ замина во историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговата последна сезона во МЛС лигата беше полна со повреди и мачење, па на крајот одигра само 15 натпревари вкупно, па реши да му каже збогум на фудбалот.

Пирло е еден од најдобрите фудбалери во последните две децении и плејмејкер каков што оваа игра ретко имала. Во своите 10 години во Милан освои се што можеше да се освои, потоа премина во Јувентус и ја промени историјата на „старата дама“.

Во 2006 година беше еден од најзаслужните за освојување на Светската титула со Италија и ќе остане споменик на фудбалот.

Збогум Маестро, беше чест да те гледаме!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Португалија е подобра без Роналдо

Кристијано Роналдо е најголемата легенда во историјата на Португалија и личност чие влијан…