Дома Фудбал Фудбалер на Арсенал го провоцираше Обамејанг после победата во дербито

Фудбалер на Арсенал го провоцираше Обамејанг после победата во дербито

Арсенал славеше во големото лондонско дерби против Челси со 1-0, а тоа го врати на лидерската позиција во англиската Премиерлига.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Габриел од Арсенал, додека Челси играше лошо и не успеа да се закани кон голот на Рамсдејл.

Лош натпревар имаше и Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше невидлив на теренот, а по мечот доби провокација од Арсенал.

Габриел ја искористи изјавата на Обамејанг од пред мечот и реши да го испровоцира поранешниот капитен на Арсенал.

„Ништо лично. Лондон е црвен“, напиша Габриел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Димитар Георгиев – Шеки, еден од великаните на Беласица

Струмичкиот фудбал остана без Димитар Георгиев – Шеки, кој со 235 првенствени настапи и 50…