Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Евертон на синот му дозволува да носи само еден дрес од Роналдо

Фудбалерот на Евертон на синот му дозволува да носи само еден дрес од Роналдо

Кристијано Роналдо е најпопуларниот фудбалер на денешницата и затоа не чуди што е идол на многу деца.

Голем навивач на Роналдо е и синот на Алан, сегашниот играч на Евертон кој зад себе има неколку одлични сезони во дресот на Наполи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот рече дека во неговиот дом има само еден дрес од Роналдо и тоа оној со кој Португалецот настапуваше за Реал.

„Мојот син е негов навивач, но во својот дом не го сакам дресот на Јувентус и затоа ја носи само “седмицата“ од Реал Мадрид.“ – вели Алан.

„Добро е да го имате Роналдо како спортски идол. Децата секогаш сонуваат да постигнуваат голови и да бидат напаѓачи, мојот син не е исклучок.“ – додаде бразилскиот фудбалер.

Алан во дресот на Наполи настапуваше од 2015. до 2020. година од каде премина во екипата на Евертон предводена од Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Пјер-Емерик Обамејанг ќе игра во Саудиска Арабија

Екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со на…