Дома Фудбал Фудбалерот кој со Челзи ја освои Лигата на шампионите на 39 години пронајде нов клуб

Фудбалерот кој со Челзи ја освои Лигата на шампионите на 39 години пронајде нов клуб

Фудбалерот кој со Челзи ја освои Лигата на шампионите, Саломон Калу пронајде нов клуб.

Екс-репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска кој има 39 години ќе настапува за тимот на Гањоа од неговата татковина каде што ќе ја има улогата и на директор.

Во европскиот фудбал, Калу покрај Челзи настапуваше уште за Феенорд, Лил и Херта, додека во Бразил го носеше дресот на Ботофаго.

Низ кариерата долго време беше и репрезентативец, па за Брегот на Слоновата Коска постигна 27 гола на 97 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче подготвува јануарски потег: Рашфорд на излезна врата од Јунајтед?

Турскиот клуб наводно планира разговори со претставниците на Рашфорд, а Манчестер јунајтед…